6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСнимен огромен прашалник во вселената: „Веројатно е далечна галаксија“

Снимен огромен прашалник во вселената: „Веројатно е далечна галаксија“

Откако во јули минатата година беа објавени првите слики од вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JVST), многумина беа фасцинирани од неверојатните фотографии од пространоста на вселената: од неверојатно деталните слики на Јупитер, прстените на Уран, столбовите на создавањето, совршен Ајнштајнов прстен на најдалечната позната ѕвезда.

JVST продолжува да работи со полн капацитет, продирајќи во досега невидените области на космосот и продолжувајќи да дава одговори за најраните денови на универзумот.

Во исто време, открива нови прашања, односно прашалници поточно. Имено, ESA на 26 јуни објави фотографија на која се прикажани несекојдневни детали од формирањето на две млади ѕвезди во соѕвездието Једро, кои се оддалечени од нас 1.470 светлосни години.

Ѕвездите (Хербиг-Харо 46/47) се опкружени со диск од материјал од кој црпат храна за да можат да пораснат до целосна големина во текот на милиони години. Веднаш под нив се наоѓа интересна вселенска структура чиј облик неодоливо потсетува на џиновски космички прашалник.

Што може да биде ова?

Сè уште не знаеме што точно претставува овој космички феномен во форма на правописен знак, но неговата боја и форма даваат одредени информации.

„Веројатно се работи за далечна галаксија или галаксии кои се во интеракција една со друга, и затоа ја има оваа искривена форма што изгледа како прашалник“, изјавија претставници на Научниот институт за вселенски телескоп (STScI) во Балтимор, кој управува со научните операции.

Според STScI, црвеникавата боја покажува дека се работи за прилично далечен објект (што и да е). Дополнително, се чини дека ова е првпат научниците да го забележат овој космички прашалник. „Ова е можеби првпат да го видиме овој конкретен објект. Потребни се дополнителни набљудувања за да се утврди што навистина е“, додаде STScI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП