3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПожарот кај Богданци локализиран, но сѐ уште се појавуваат жаришта

Пожарот кај Богданци локализиран, но сѐ уште се појавуваат жаришта

Пожарот кај Богданци е ставен под контрола и е локализиран, но сѐ уште се појавуваат жаришта на кои со брза интервенција на распоредените пожарникари не им се дозволува да се прошират, oбјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На терен се 62 лица, има пожарникари со теренски ПП-возила од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Кавадарци и од Штип, пожарникари од доброволните ПП-друштва од Валандово и Дојран, како и тимови на ДЗС и „Национални шуми“ и од Јавното комунално претпријатие од Богданци.

Во овој момент нема потреба од воздушна подршка.

Пожарот избувна вчера околу 11 часот и стигна до ветерниците. Во текот на вчерашниот ден го гаснеа и двата авиона на Дирекцијата за заштита за спасување, како и еден хеликоптер на МВР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП