6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНеверојатна глетка: Kон Земјата се приближува комета во облик на вселенски брод

Неверојатна глетка: Kон Земјата се приближува комета во облик на вселенски брод

На 20 јули оваа година, астрономите забележале дека кометата што се приближувала наеднаш и необјасниво осветлела, односно станала сто пати посветла. Станува збор за кометата 12P/Pons-Brooks која официјално е откриена во 1812 година, а која неодамна поради отцепување на остатоци и мраз наликува на Милениумскиот сокол – вселенски брод од Star Wars, серија на научно-фантастични филмови.

Во моментов, кометата се уште е надвор од орбитата на Марс, а најблиску ќе се приближи до Земјата на 2 јуни 2024 година.

„Треба да биде видлива, сигурно ќе стане уште посветла, како што се случува со другите комети кога ќе се приближат до Сонцето“, изјави за Business Insider Ричард Милс од Британската астрономска организација.

Треба само да се напомене дека оваа чудна форма на кометата нема да биде видлива со голо око, ниту ако ја набљудувате со двоглед или послаб телескоп. Ако одлучите да ја барате на ноќното небо, веројатно ќе ја видите како мала светла точка или дамка.

Децениска мистерија

Астрономите сè уште не се сигурни зошто кометата 12P/Pons-Brooks, која орбитира околу Сонцето на секои 71 година, осветли толку драматично во последните неколку недели. Милс верува дека причината за ова може да биде активен леден вулкан на неговата површина.

„Фактот дека има течност во кометата е револуционерна идеја со која научниците не можеа да се помират со децении. Но, кога ќе ја погледнеме оваа комета, нема друго објаснување освен дека внатре има течност заедно со цврсти супстанции и гасови“, рече тој.

Така, Милс претпоставува дека сјајот настанал откако сончевата светлина се рефлектирала од исфрлениот материјал од ледените вулкани. Познато е дека кометите се непредвидливи, некои имале такви слични испади“, вели астрономот Џанлука Маси од проектот „Виртуелен телескоп“. На пример, кометата 29P/Schwassmann-Wachmann еруптираше четири пати по ред во 2021 година и приреди спектакуларно шоу.

Маси шпекулира дека оваа необична форма на потковица, која потсетува на Милениумскиот сокол, се должи на сенката што ја фрла прашинлива кома (маглива обвивка околу јадрото на кометата што заедно со неа ја формира главата на кометата).

„Нејзината форма е прилично чудна“

Астрономот Кери Холт од Универзитетот во Мериленд изјави за Scientific American дека кометата исфрлила околу 10 милијарди килограми прашина и мраз за време на нејзиниот „пад“ во вселената. Иако научниците знаеле за вакви настани со векови, на Холт сè уште му е прилично чудна формата на 12P/Pons-Brooks и се надева дека дополнителните набљудувања за време на неговото приближување до Сонцето ќе ја објаснат оваа необична форма на потковица.

Какво и да е објаснувањето, секако не се вонземјаните кои решиле да го отстранат „невидливиот штит“ од нивниот вселенски брод и да го објават нивното пристигнување. Како што веќе спомнавме, кометата е откриена во 1812 година, а покрај Земјата поминува на секои 70 години. Снимена е во 1884 и 1954 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП