4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНамалено производството на SRT Viper

Намалено производството на SRT Viper

chrysler_viper

„Chrysler“ го намали производството на спортскиот модел „SRT Viper“ за една третина, поради слабата продажба и очекуваното натамошно намалување на побарувачката во наредните зимски месеци.

Оваа информација не е премногу изненадувачка, со оглед на релативно слабата американска економија и моменталната политичка несигурност во оваа земја, што не е поволен амбиент за продажба на автомобил кој чини 102.480 долари.

Досега се произведуваа девет автомобили дневно, а со намалувањето од производните погони ќе излегуваат дневно по шест возила. Тоа значи дека „Chrysler“ нема да го достигне планираното производство од 2.000 автомобили годишно. Досега се продадени 426 автомобили, а моментално 565 примероци се наоѓаат во продажните салони кај 443-те официјални дилери на „SRT“.

„Продажбата почна лошо. Се надевавме дека ќе испорачаме повеќе автомобили до крајот на оваа година, но не беше според нашите предвидувања“, изјави Ралф Жил, шефот на „SRT“.

Освежениот „Viper“ за 2013-та година беше прикажан за прв пат во април 2012-та на саемот во Њујорк, но во продажните салони се појави тек на почетокот на оваа година. Спортското купе е опремено со алуминиумски V10 мотор од 8.4 литри со 640KS и 813Nm. Новиот „Viper“ сега е опремен со електронска контрола на стабилност, во склад со американските федерални прописи.

Во цената од 104.480 долари се пресметани и трошоците за испорака и еден ден на патеката со професионален инструктор за возење. Жил додаде дека интересот за „Viper SRT“ и натаму е голем и дека „Chrysler“ досега доби над 2.000 нарачки од дилерите и купувачите во текот на 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП