4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТОбвинителот го обвини Трамп за нарушување на мирниот трансфер на власта

Обвинителот го обвини Трамп за нарушување на мирниот трансфер на власта

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп) по трет пат се соочи со кривична пријава. Во четврток, тој ќе се изјасни пред Федералниот суд во Вашингтон за обвиненијата за уривање на демократијата во САД, односно за обид за попречување на мирниот трансфер на власта по претседателските избори во 2020 година.

Обвинителот го обвинува Трамп за настаните од 6 јануари 2021 година, кога илјадници демонстранти, негови поддржувачи, упаднаа во зградата на Националниот конгрес, каде се одржуваше формалното признавање на изборната победа на актуелниот претседател Џо Бајден, пренесува Гардијан. Самиот Трамп не учествуваше во нападот на зградата на Конгресот, а во инцидентот загинаа пет лица.

Покрај обвинението за попречување на мирниот трансфер на власта, што е првпат во историјата на САД да се соочи поранешен, а во моментот на настанот, актуелен претседател, Трамп е обвинет и за измама. Во обвинението беше наведено дека тој ги загубил изборите, и дека знаел дека ги загубил, кога тврдеше дека изборниот резултат е измама.

Тој се товари дека „и покрај тоа што изгубил, обвинетиот бил решен да остане на власт“. Во обвинението на 45 страници се наведува дека Трамп, заедно со неговите неименувани и сè уште необвинети созаговорници, започнале усогласен, безмилосен и целосно свесен план за поткопување на изборите во 2020 година.

Трамп се очекува лично да се појави на суд во четврток за да се изјасни за обвинението. Неговиот тим рече дека последното обвинение е дел од „континуираниот патетичен обид“ на Бајден и Министерството за правда да се мешаат во изборите во 2024 година. Трамп вети дека ќе ја продолжи својата кампања и покрај зголемените правни предизвици на федерално и државно ниво за да ја добие номинацијата на Републиканската партија за следните претседателски избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП