5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПопуларната социјална мрежа работи на "AI asistаnt" кој помага во барањето работа

Популарната социјална мрежа работи на “AI asistаnt” кој помага во барањето работа

LinkedIn, платформата за деловно вмрежување, развива алатка заснована на вештачка интелигенција, позната како „AI asistаnt“, со цел да им помогне на корисниците да најдат вработување, да ги олесни апликациите за работа и да им овозможи да ја истражат културата на компаниите за кои се заинтересирани.

Оваа алатка им помага на корисниците подобро да се подготват за интервјуа и разговори со потенцијалните работодавци.

Нима Овји, веб-развивач кој редовно споделува информации за претстојните апликации или подобрувања во нив, сподели скриншот од „AI asistаnt“ на Твитер, пишува Business Insider.

На страницата откриена од Oвји, тимот на LinkedIn воведува нова алатка наречена „LinkedIn Coach“. Оваа алатка им овозможува на корисниците да аплицираат за работни места, да стекнуваат нови вештини и да откриваат нови начини за поврзување, поддржани од вештачката интелигенција.

Има и пример за тоа како ќе работи AI asistаnt. Корисниците ќе можат да поставуваат различни прашања, како што се информации за активноста на одредена компанија или нејзината работна култура.

LinkedIn не коментираше дополнително за развојот на алатката Coach. Аманда Первис, претставник на компанијата, накратко рече: „Постојано истражуваме нови начини за подобрување на искуството на нашите членови на LinkedIn и наскоро ќе имаме повеќе информации за споделување“.

Претходно, LinkedIn веќе тестираше чат-бот со вештачка интелигенција за претплатниците и корисниците на својата деловна социјална мрежа. Овој четбот им помага на корисниците да испраќаат пораки и да ги информираат за објавените огласи за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП