1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА е во потрага по вселенско летало кое талка низ вселената поради...

НАСА е во потрага по вселенско летало кое талка низ вселената поради погрешна команда

Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) користи огромна сателитска антена во Канбера, главниот град на Австралија, за да прима сигнали од вселенското летало Војаџер 2, кое изгубило контакт откако испратила погрешна команда.

Гардијан пренесува дека НАСА испратила погрешна команда до леталото и дека тоа „талка“ во длабочините на вселената.

Во обид да ја обнови комуникацијата со вселенското летало, НАСА постави огромна сателитска антена во Канбера.

НАСА соопшти дека се обидува да прими сигнал од вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри.

Се вели дека ќе бидат потребни повеќе од 18 часа сигналот од леталото да стигне до антената, јави Анадолија.

Доколку сигналите не пристигнат, НАСА ќе мора да почека леталото автоматски да ја ресетира и поправи комуникациската мрежа во октомври.

НАСА продолжува да комуницира со своето друго летало „Војаџер 1“, кое е оддалечено 24 милијарди километри во вселената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП