3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОгласувачите од Македонија отсега можат да ги таргетираат корисниците на Pinterest на...

Огласувачите од Македонија отсега можат да ги таргетираат корисниците на Pinterest на глобалните пазари

Денес, Httpool на Aleph, водечкиот светски провајдер за дигитално огласување кој покрива над 50 држави, го објави своето интернационално партнерство со Pinterest, платформата за визуелна инспирација. 

Ова партнерство му овозможува на Httpool на Aleph да нуди решенија за огласување на Pinterest на својата мрежа на клиенти ширум Балканот. Httpool на Aleph ќе овозможи достапност и управување на огласувачи во земјите од регионите каде Pinterest се уште не сервира реклами. Огласувачите во овие земји сега ќе имаат можност да допрат до високо ангажираната публика на Pinterest на пазарите каде се сервираат реклами – публика која ја посетува оваа платформа со намера да открие идеи како да превземе некоја активност со помош на брендовите.

Httpool на Aleph нуди уникатна можност за поддршка на своите клиенти во достигањето успех на Pinterest. Преку ова партнерство, Httpool by Aleph ќе може да им понуди на своите клиенти можност за прв пат да се рекламираат на Pinterest.

Повеќе од 460 милиони луѓе доаѓаат на Pinterest секој месец за да откријат производи и услуги за во нивниот гардеробер, за во новиот дом, за следниот одмор и многу повеќе. Огласувачите сакаат да бидат откриени во овие моменти на планирање и на природен начин да се синхронизираат со корисниците кои бараат брендови кои ги инспирираат за следното купување. На Pinterest, огласувачите можат да допрат до потрошувачите за кои се грижат и да ги водат низ процесот на откривање, одлучување и превземање на акција – сѐ во едно позитивно online опкружување.  

“Pinterest е уникатна платформа, која ја покрива целата маркетинг инка и каде рекламите можат да бидат значајна содржина. Ние сме возбудени за нашето партнерство со Aleph и предностите кои тоа ќе ги донесе за корисниците на Pinterest” вели Bill Watkins, Chief Revenue Officer во Pinterest. “Pinterest ги поврзува огласувачите со потрошувачите кои сакаат да се отворат или се веќе отворени кон брендовите. Широкиот опсег на Aleph, кој покрива клиенти од различни региони ширум планетата, ќе помогне во донесување на нов ранг на одласувачи на платформата и ќе ни овозможи да сервираме релевантни реклами до корисниците кои бараат инспирација за да превземат акција.” 

“Воодушевени сме за партнерството со Pinterest кое ќе и помогне на нашата мрежа од 21,000 бизниси да дојдат до резултати и раст преку интеракција со публика која природно доаѓа на платформата за да купува,” вели Gaston Taratuta, основач и CEO на Aleph. “Pinterest се разликува од останатите платформи бидејќи овде корисниците доаѓаат да пронајдат нешто што ќе направат или купат. Нашите клиенти сега имаат можност да искористат се, од креирање на свесност за брендот до купување, а ние му нудиме пристап на Pinterest до дел од најбрзорастечките економии на светот”.

“Особено нè радува партнерството со Pinterest” вели Јане Бајалџиев, управител на Httpool на Aleph во Македонија и продолжува“ ова претставува одлична можност за локалните огласувачи и брендови да стапат во контакт со публиката која доаѓа на платформата за да открие нови идеи за нивните проекти, сѐ со намера да купуваат производи и услуги”. 

******

За Httpool на Aleph:

Ги претставува водечките дигитални медиумски платформи во Европа и азиско-пацифичкиот регион и е присутен на преку 115 пазари преку глобалните подружници на Aleph. Преку уникатната комбинација на пристап до најголемите дигитални играчи, сопствената технологија, локални врски и специјализирано знаење, Httpool на Aleph може да ја поддржи визијата на компанијата за балансирање на дигиталниот екосистем. Создадете свет каде што сите огласувачи имаат пристап до огромните можности на дигиталното рекламирање.

За Aleph:

Aleph Group, е екосистем на глобални дигитални експерти кој поврзува илјадници огласувачи со милијарди потрошувачи и помага во зајакнување и развој на локалните пазари  преку дигиталното рекламирање. Aleph е активен во повеќе од 130 земји и им помага на огласувачите да се поврзат со потрошувачите на речиси 45 од водечките дигитални платформи во светот, како што се Twitter, Meta, TikTok и Snapchat.

За Pinterest:

Pinterest е платформа за визуелна инспирација, која луѓето ширум светот ја користат за да купуваат персонализирани производи според нивниот вкус, да најдат идеи како да направат нешто офлајн и да ги откријат најинспиративните креатори. Корисниците зачувале повеќе од 390 милијарди пинови за различни интереси, од изградба на домашна канцеларија до готвење нов рецепт и планирање на одмор. Со седиште во Сан Франциско, Pinterest започна во 2010 година и има повеќе од 460 милиони месечни активни корисници ширум светот. Достапен е на iOS, Android и на pinterest.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП