4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНов напад на Москва со дрон

Нов напад на Москва со дрон

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека руската противвоздушна одбрана соборила „неколку“ беспилотни летала над московскиот регион, при што еден удрил во истиот облакодер што беше погоден во неделата.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека два беспилотни летала биле уништени од системи за противвоздушна одбрана во областите Одинцово и Нарофоминск во близина на Москва, додека третиот бил онеспособен и паднал во главниот град, пренесе руската државна новинска агенција Тас.

Министерството го обвини Киев за нападите. Собјанин во објава на Телеграм рече дека нема извештаи за повредени. Оштетена е фасадата на 21 кат“, рече тој. Московскиот аеродром Внуково исто така беше привремено затворен, а летовите беа пренасочени.

Нападите доаѓаат два дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека доаѓа војна во Русија, откако три беспилотни летала беа соборени над Москва во неделата, иако Украина не ја презеде одговорноста за нападите.

„Војната постепено се враќа на територијата на Русија – во нејзините симболични центри и воени бази. Ова е неизбежен, природен и апсолутно праведен процес“, рече Зеленски во своето видео обраќање доцна во неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП