4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје со зголемени приходи и добивка за првото полугодие

ТТК Банка АД Скопје со зголемени приходи и добивка за првото полугодие

Во периодот од 1.1.2023 до 30.6.2023 година, ТТК Банка АД Скопје оствари добивка на износ од 56,2 милиони денари, што претставува повисок резултат за 36,6 % во однос на истиот период минатата година.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2023 до 30.6.2023 година изнесуваат 145,8 милиони денари и во однос на планот се остварени со 100 %. Во однос на истиот период минатата година зголемени се за 26,9 мил. денари или 22,7 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 86,4 милиони денари. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење, кои бележат пораст, во најголем дел, заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа на банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 100 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 7,2 милиони денари и бележат годишен раст од 12,9 % како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 109 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 27,2 милиони денари како резултат, пред сẻ, на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот истите се остварени со 64 %.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 179,4 милиони денари и се за 0,7 % повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 97 %.

Периодот на посилен раст на приходите на банката се искористи за јакнење на капацитетот за справување со идни кредитни загуби, со што исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 26,9 милиони денари и е повисока за 10,9 % во однос на 30.6.2022 година и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Финансискиот резултат можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП