30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола - роденденски промоции за...

Јубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола – роденденски промоции за своите верни клиенти

Стопанска банка а.д. Битола е една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар која прославува јубилејни 75 години постоење.

Со текот на годините оваа домашна банка докажа дека нејзината визија за квалитетна банкарска услуга е остварлива и доверлива.

По повод овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола нуди повеќе промотивни поволности за различни групи на клиенти. Дел од поволностите се однесуваат на физички лица кои оваа година полнат 75 години и за истите се подготвени промотивни роденденски пакети.

Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години:

  • се ослободени од провизии за водење на трансакциска сметка почнувајќи од 01.06.2023 до 31.12.2023 година

Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години и имаат во банката депозит над 1.000.000мкд

  • банката ги наградува со каматна стапка на депозитот повисока за 1,5 процентен поен над важечките во Банката на соодветните рочностиво периодот од 01.06.2023 до 31.12.2023 година

Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години и дo 31.12.2023 година ќе орочат депозит над 1.000.000мкд

  • банката ги наградува со каматна стапка на депозитот повисока за 1,5 процентен поен над важечките во Банката на соодветните рочностиво периодот од 01.06.2023 до 31.12.2023 година 

Овој голем јубилеј го заокружува успешното работење на Стопанска банка а.д. Битола и ветува уште многу успешни приказни на банката заедно со своите клиенти чие задоволство е и главниот фокус на работењето во изминатите 75 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП