7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилни резултати на Стопанска банка АД Скопје за првото полугодие

Силни резултати на Стопанска банка АД Скопје за првото полугодие

Во првата половина од 2023 година, Стопанска банка АД Скопје (СБ) оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 2.323.241 илјади денари, што е 15 % повеќе споредено со претходната година. Истовремено, врз основа на прудентните политики на Банката за управување со ризиците, имајќи ги предвид сите предизвици што ги носи тековното деловно опкружување, глобално и на ниво на домашната економија, во анализираниот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 656.966 илјади денари. Со тоа, добивката на Банката пред оданочување, во првото полугодие од годината изнесува 1.666.275 илјади денари. Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи по сите основи заради континуираниот тренд на зголемување на обемот на деловни активности, како и зголеменото кредитно портфолио на Банката. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката, која на 30.06.2023 година изнесува 126.642.003 илјади денари. На тој начин, Банката, во согласност со својата деловна стратегија продолжува со раст на обемот на нејзините бизнис-активности.

Во натамошниот текст ќе бидат претставени одделните позиции од билансот на успех и од билансот на состојба на Банката.

Биланс на успех

Нето-приходите од камати изнесуваат 2.621.190 илјади денари и се зголемени за 630,975 илјади денари во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените  кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката, пораст на ликвидносната позиција  и трендот на раст на каматните стапки. 

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 430.597 илјади денари и се намалени за 5 % во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа намалување од 7 % и изнесуваат 78.133 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 226.868 илјади денари.

И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што  на 30.06.2023 година оперативните трошоци изнесуваат 461.777 илјади денари. Трошоците за вработени изнесуваат 501.246 илјади денари.

Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 656.966 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 2.323.241 илјади денари и забележа зголемување од 15 % во однос на истиот период од минатата година, додека добивката пред оданочување на 30.06.2023 година изнесува 1.666.275 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП