20 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПутин: Русија ќе придонесе за развој на африканскиот континент

Путин: Русија ќе придонесе за развој на африканскиот континент

Африканскиот континент станува центар на моќта, неговата политичка и економска улога експоненцијално расте и сите ќе мора да ја земат предвид оваа објективна реалност, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

На пленарната седница во рамките на самитот „Русија-Африка“, тој истакна дека Русија и африканскиот континент се врзани со блиски пријателски врски.

„Идеалите за слобода, почит и суверенитет се принципите што ги имаат лидерите на африканските земји и кои се важни и денес во формирањето на мултиполарен свет“, додаде Путин.

Нестабилноста во Африка – наследство на колонијализмот

Ситуацијата во многу региони на Африка е нестабилна и ова е тешко наследство на колонијализмот, политиката на „раздели па владеј“, рече Путин. Тој додаде дека Русија нуди помош за решавање на ситуацијата на африканскиот континент и е подготвена да ја обучи армијата и да размени искуство по линијата на безбедносните власти.

Зголемување на испораките на земјоделски производи

Путин најави и дека Русија ги зголемува испораките на земјоделски производи во африканските земји – во првите шест месеци од оваа година испрати речиси десет милиони тони жито и покрај санкциите кои сериозно ја попречуваат испораката на руски прехранбени производи. Минатата година во африканските земји беа испорачани 11,5 милиони тони жито.

Рускиот лидер, исто така, нагласи дека Русија секогаш ќе биде одговорен добавувач на земјоделски производи, без надомест, за сите земји на кои тоа им е потребно. Како што рече, Русија ќе продолжи да придонесува за развојот на африканскиот континент преку обезбедување на нови трговски преференции.

Вниманието на Москва е насочено кон Африка

Тој додаде дека вниманието на Москва кон Африка постојано расте, што се одразува и во плановите на Русија да го зголеми своето дипломатско присуство на континентот.

Подготвени сме да обновиме и отвориме нови претставништва, како и да го зголемиме бројот на вработени во неколку постоечки амбасади“, рече рускиот лидер.

Во напорите за олеснување на должничкиот товар на африканските земји учествува и Русија, па затоа ќе одвои уште 90 милиони долари за отпис на долговите, најави Путин.

Расте трговската размена со африканските земји

Рускиот лидер најави и дека трговската размена со африканските земји расте и покрај тешките услови на светските пазари.

„Поактивна транзиција кон порамнувања во национални валути ќе придонесе за зголемување на трговскиот промет и негова диверзификација“, рече Путин.

Не избегнуваме да зборуваме за Украина

Зборувајќи за украинското прашање, Путин рече дека Русија не избегнува да разговара за кризата. Тој посочи дека Русија ги почитува плановите на Африка за решавање на конфликтот во Украина, пренесува Спутник.

„Да ја земеме, на пример, иницијативата на голем број африкански земји за решавање на украинската криза. Тоа е критичен проблем, не избегнуваме да го разгледаме. Ова само по себе кажува многу, бидејќи претходно сите мисии за посредување беа монополизирани исклучиво од земји со таканаречени развиени демократии. Сега не е така, Африка исто така е подготвена да помогне во решавањето на проблемите кои се чини дека се надвор од зоната на нејзините примарни интереси. Ги почитуваме вашите иницијативи и внимателно ги разгледуваме“, рече Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП