17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПригожин виден во Санкт Петербург

Пригожин виден во Санкт Петербург

Основачот на руската платеничка паравоена организација Вагнер Евгениј Пригожин е виден на конференција организирана од Владимир Путин со голем број африкански земји во Санкт Петербург.

На дводневниот самит чиј домаќин е Русија во Санкт Петербург присуствуваат претставници на дури 49 африкански земји. Сепак, интересно е што конференцијата, чиј домаќин беше Путин, ја посети и до неодамна предавникот на Кремљ, Евгениј Пригожин.

Според фотографиите од самитот, Пригожин слободно се движи во Русија и позирал пред новинарите кога се среќава со лидерите од Африка. Секако Африка е област каде што групата Вагнер со години води војна како платеничка група за различни интереси.

Треба да се потсетиме дека Пригожин му се спротивстави на Путин пред нешто повеќе од еден месец со преместување на неговите единици кон Москва. Сепак, до голема ескалација не дојде, а ситуацијата се смири со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Путин рече дека оние кои се противат на Кремљ ќе бидат казнети, а Пригожин набрзо пристигна во Белорусија. Оттогаш Вагнер повеќе не се бори во Украина.

Оттогаш е објавена само една снимка од Пригожин, наводно во Белорусија. Меѓутоа, сега тој очигледно слободно се движи и во Русија. Останува само прашањето дали се помирил со Путин или сето тоа било шоу дизајнирано во Кремљ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП