28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Coca-Cola“ ги зголеми годишните насоки поради големата побарувачка

„Coca-Cola“ ги зголеми годишните насоки поради големата побарувачка

„Coca-Cola Co“ ги зголеми своите насоки за цела година, откако резултатите од вториот квартал покажаа континуиран моментум и подготвеност на потрошувачите да платат повисоки цени за да ја згаснат својата жед со газирани сокови, овошните сокови и енергетските пијалоци на компанијата, пишува „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Атланта сега очекува органски раст на приходите за цела година од 8% до 9%, од 7% на 8% претходно. „Coca-Cola“ прогнозираше дека прилагодената заработка по акција дека ќе се зголеми од 5% до 6% за годината, во споредба со претходните очекувања за раст од 4% до 5%.

„Ние работиме ефикасно и ефективно на локално ниво, додека ја одржуваме флексибилноста на глобално ниво“, рече извршниот директор на компанијата, Џејмс Квинси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП