30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмоќниот процесор ќе го има Nexus 5

Најмоќниот процесор ќе го има Nexus 5

nexus pet

За помалку од две недели се очекува појавувањето на смартфонот на „Google“, „Nexus 5“.  Според информациите, овој телефон ќе работи на најновиот оперативен систем „Android Kitket“, ќе се полни бежично, нема да има дополнителна меморија и ќе се произведува во фабриката на „LG“. Со дури три гигабајти работна меморија, ова ќе биде најмоќниот телефон кој се појавил на пазарот.

Се уште нема официјални податоци за карактеристиките, но како и многупати досега одредени информации се појавија во јавноста. Телефонот нема да има дополнителен простор за проширување на меморијата, но се очекува да дојде во две или три верзии со 16, 32 и 64 гигабајти простор.

Поради тоа што „Nexus 5“ ќе го произведува „LG“ во голема мера ќе се потпира на нивниот актуелен модел „G2“ кој се покажа како неприкосновен на многуте тестови на хардверот. Покрај тоа батеријата му е многу моќна, па така нема да биде за чудење ако овие карактеристики се најдат и на новиот „Nexuѕ“.

Меѓу другото „Nexuѕ 5“ најверојатно ќе има камера од 13 мегапиксели на задната страна, додека во останатите „неофицијални“ спецификации се набројуваат, процесорот „Snepdregon 800“ кој ќе работи на 2.3 гигахерци, а покрај тоа ќе има и три гигабајти работна меморија. Доколку ова биде вистинито, „Nexuѕ 5“ ќе биде убедливо најмоќниот телефон на пазарот.

Нормално за да може да се одвои од конкуренцијата, „Nexuѕ 5“ ќе има можност за бежично полнење, како и нов „NFC“ чип.

Цената, според проценката на аналитичарите ќе се движи од 499 долари па нагоре, а продажбата ќе започне кон крајот на октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП