5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCLA Shooting Brake е последниот на платформата MFA

CLA Shooting Brake е последниот на платформата MFA

cla

Петиот, а исто така и последен модел од новата генерација на компактни автомобили на „Mercedes“ со преден погон, најверојатно ќе биде купе-караван верзијата на моделот „CLA“.

Кога во 2012-та беше претставена, потполно редизајнираната „А“ класа, германскиот производител откри дека гамата на автомобили кои се засновани на платформата „MFA“ ќе брои пет членови. Во 2013-та на новите „А“ и „В“ класи им се приклучија „Mercedes CLA“ и „crossover GLA“.

Според последните информации, преостанатото последно место ќе го пополни моделот „CLA Shooting Brake“, кој стилски ќе претставува намалена верзија на „Mercedes CLS Shooting Brake“, а се очекува да се појави во 2014-та. Во „Mercedes“ размислуваа за „Cabriolet“ и „Roadster“ верзија на  „A“ класата, но на крајот предност му дадоа на моделот „CLA Shooting Brake“, затоа што сметаа дека таков автомобил на пазарот ќе им донесе поголем профит.

Се очекува „Mercedes CLA Shooting Brake“ да биде понуден со слична палета на четирицилиндарски бензински и дизел мотори кои се достапни на другите модели со преден погон на оваа германска компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП