3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСончево и топло, приквечер заладување и силен северен ветер

Сончево и топло, приквечер заладување и силен северен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утре во западните делови времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). УВ индекост ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП