2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо Индискиот Океан се наоѓа „гравитациска дупка“: Еве што велат научниците

Во Индискиот Океан се наоѓа „гравитациска дупка“: Еве што велат научниците

Во Индискиот Океан постои „гравитациска дупка“, односно област каде што Земјината гравитациона сила е послаба, нејзината маса е помала од нормалната, а нивото на морето е пониско за околу 100 метри.

Оваа аномалија долго време ги збунуваше геолозите, а сега експертите од Индискиот институт за наука во Бенгалуру најдоа многу добро објаснување за нејзиното потекло – облаци од магма кои доаѓаат од длабочините на планетата, кои се слични на оние кои водат до создавање на вулкани.

Со помош на суперкомпјутер, научниците спроведоа симулации за можното потекло на областа, дури и пред 140 милиони години. Симулациите покажаа дека причината за „гравитационата дупка“ е древен океан кој повеќе не постои.

Навикнати сме да ја замислуваме Земјата како совршена сфера, но тоа е далеку од вистината.

„Земјата во основа е грутлив компир“, вели геофизичарката Атри Гош од Индискиот институт за наука.

„Значи, технички тоа не е сфера, туку елипсоид, бидејќи додека планетата се ротира, средниот дел се испакнува нанадвор“, додаде таа. Нашата планета не е хомогена по густина и својства, некои области се погусти од другите, што влијае на површината на Земјата и нејзината гравитација.

„Ако истурите вода на површината на Земјата, нивото што го зафаќа водата се нарекува геоид и се контролира од разликата во густината на материјалот внатре во планетата“, рече Гош, пренесе Си-Ен-Ен.

„Гравитациската дупка“, официјално наречена подот на геоидот на Индискиот Океан, е најниската точка во геоидот и неговата најголема гравитациска аномалија. Таа формира кружна вдлабнатина која започнува веднаш од јужниот врв на Индија и зафаќа околу 3 милиони квадратни километри. Аномалијата е откриена од холандскиот геофизичар Феликс Андрис Венинг Мајнес од 1999 година и оттогаш се смета за мистерија.

За да најдат можно објаснување, Гош и нејзините колеги користеле компјутерски модели за да го вратат часовникот 140 милиони години наназад за да видат како изгледала планетата тогаш. „Континентите и океаните беа на многу различни места, а структурата на густината беше исто така многу различна“, вели Гош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП