1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскапува лебот во цел свет, па и кај нас – пекарниците стрепат...

Поскапува лебот во цел свет, па и кај нас – пекарниците стрепат од новата цена на брашното

Поради прекршувањето на Меѓународниот договор за жито, наскоро нема да имаме увоз на жито од Украина, а како резултат на тоа, цената на житото се зголеми за околу 3 проценти на светската берза и сето тоа ќе се одрази на домашниот пазар со леб.

Ова, неофицијално, за Денар го велат членови на Пекарската занаетчиска комора, кои предупредуваат дека наскоро ќе се случи ново поскапување на лебот во маркетите.

-Прекршен е меѓународен договор и ние тука ништо не можеме. Не решаваме ние дали ќе вршиме увоз на жито од Украина или од некоја друга земја. Ние само добивме информација дека цената на житото е скокната за околу 3 проценти на светската берза, па тоа значи дека во иднина постои можност да има поскапување на пченицата и на брашното во Македонија доколку годинешната реколта не ги задоволи потребите на домашната потрошувачка – брифираат нашите соговорници.

На оваа тема разговаравме и со сопственик на познат ланец на пекарници во Скопје, а и тој исто така потврдува дека има најави за ново поскапување на брашното и на пченицата, а со тоа и на готовите производи.

-Се зборува дека ќе се зголеми цената на брашното и дека наскоро ќе мора да увезуваме брашно од други земји, наместо од Украина. Тоа дефинитивно ќе значи повисока цена на лебот и на белите печива. Не би знаеле кога точно би се случило поскапувањето, но ние сме принудени да се прилагодиме и да ги зголемиме цените на производите – изјави сопственикот кој сакаше да остане анонимен.

Од друга страна, од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека иако во однос на претходниот месец има мало намалување на вредноста на потрошувачката кошница во јуни, трошоците за храна и пијалаци се зголемени.

Лебот и житариците се продаваат по зголемена цена од речиси 27 проценти.

Млекото, сирењето и јајцата речиси 26 проценти, месото над 25 проценти.

Само маслата за готвење поевтинија за 5,3 проценти.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП