30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФабриките на странските инвеститори се попримамливи за вработување!

Фабриките на странските инвеститори се попримамливи за вработување!

Продолжува континуираниот раст на бројот на вработени во странските инвестиции. Официјалните податоци велат дека 17 илјади лица работат во фабриките сместени во индустриските зони во земјава. Висината на платата, организираниот превоз, обезбеден оброк и самите услови за работа се доволна причина овие компании со странски капитал да бидат една од првите опции за вработување на граѓаните од Македонија.

Според податоците на ТИЗР од почетокот на годинава бројот на вработени во странските инвестиции се изкачил за 800 лица и сега вкупниот број на вработени изнесува нешто над 17 илјади лица. Тоа е добар показател дека странските инвестиции се место каде се нуди пристојно вработување со сите европски стандарди и почитување на трудот на работниците.

„Имаме над 800 нови работни места само од почетокот на годинава. Ја надминавме бројката од 17.000 вработени во Зоните. Ова се должи пред се на засилената динамика на вработување, односно на ангажирање на луѓе кои што се реализираат заради новите договори кои што се потпишани во изминатите години. Дополнително, бројот на вработени во првото полугодие оваа година во компаниите е поголем за пет отсто, додека споредено со јуни минатата година е регистриран пораст од 14%. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и до крајот на годинава“, велат од ТИРЗ.

Од ТИРЗ велат дека и државата преку законски измени придонесува кон подобрување на условите за работа не само во зоните туку и во приватниот но и во јавниот сектор. Тие очекуваат што поскоро да се усвојат најавените законски измени за индустриските зони.

 „Целта е да поттикнеме поголем интерес за работните места што се отвораат во зоните преку споделување позитивни примери на луѓе кои веќе работат. Да ја приближиме приказната дека сето она што го добиваат како плата, работни услови и слично во западните земји, дека може да го добијат и дома. Ова е еден придонес во рамки на идните напори на Владата, ако не да го спречи, барем да го ублажи трендот на иселување“, додаваат од ТИРЗ.

Дека добро им оди на компаниите со странски капитал покажуваат официјалните бројки кои покажуваат дека извозот во првите шест месеци достигна близу 2 милијарди евра што претставува пораст од 12% во однос на истиот период лани. Но очекувањата на надлежните се дека оваа година ќе се стаса до 4 милијарди евра извоз заради тоа што дел од капацитетите со кои минатата година е потпишан договор ќе започнат со производство и извозот ќе се зголемува дополнително.

Податоците велат дека уплатите од компаниите од ТИРЗ само на име на придонеси се над 25 милиони евра. Доколку продолжи ваквиот тренд, се очекува до крајот на годинава компаниите по основ на придонеси, персонален данок и данок на добивка да биде околу 100 милиони евра. Според достапните информации постигнати се договори за инвестиции од над 280 милиони евра меѓу кои и најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата од 205 милиони евра, инвестиција од Тајван.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП