2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАВо август и септември сите патишта ќе водат кон Скопје – уште...

Во август и септември сите патишта ќе водат кон Скопје – уште сега „букирани“ се околу 20.000 ноќевања

Немојте да се чудите ако во август и септември секојдневно сретнувате прилично голем број странци по скопските улици, бидејќи таквата слика сигурно нема да се должи единствено на атрактивноста и моќта на Скопје да привлекува странски туристи, туку најмногу поради претстојното Европско првенство во одбојка за кое нашиот главен град е еден од градовите домаќини.

Како што брифираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), следниот период во Скопје ќе пристигнат од 15.000 до 20.000 странски туристи, а тоа значи дека ќе бидат букирани од 15.000 до 20.000 ноќевања.

Според нашите соговорници, најмногу туристи-навивачи се очекуваат од Холандија, Црна Гора, Полска, но и од други европски земји.

Директорот на АППТ, Љупчо Јаневски, пак, вели дека ова е одлична можност за развој на спортскиот туризам во земјава.

-Во Скопје наскоро ќе пристигнат значителен број туристи кои ќе сакаат да бидат дел од Европското одбојкарско првенство. Главниот град ќе има и дополнителен „буст“ со Европското одбојкарско првенство и по едната група во август и во септември очекуваме дополнителни 15.000-20.000 ноќевања. Според најавата, најмогу навивачи ќе пристигнат од Холандија, Полска, Црна Гора, но и од други земји од Европа. На овој начин се покажува дека спортскиот туризам, авантуристичките форми на туристичката понуда и трајните врски со одредени пазари и тур-оператори на светско ниво даваат резултати – изјави Јаневски.

Денар разговараше со дел од хотелиерите, кои велат дека со широко отворени раце ги очекуваат туристите.

-Веќе се направени голем број резервации преку „Букинг“. Хотелски капацитети сѐ уште има на располагање и Скопје ќе докаже дека може да си дозволи да биде достоен домаќин на едно Европско одбојкарско првенство. Освен во хотелите, голем дел од странските туристи „букирале“ и приватно сместување – објаснува нашиот соговорник.

Инаку, Македонија ќе биде домаќин на групата „Ц“ во Скопје од 30 август до 6 септември, а првите четири репрезентации од групата ќе одат во наредната елиминациска фаза.

Еве го комплетниот распоред на македонската селекција со термини:

30 август – 20 часот – Македонија-Данска
02 септември – 20 часот – Македонија-Црна Гора
03 септември – 20 часот – Македонија-Полска
05 септември – 17 часот – Македонија-Холандија
06 септември – 20 часот – Македонија-Чешка

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП