6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово поскапување на млекото, сирењето, кашкавалот и месото

Ново поскапување на млекото, сирењето, кашкавалот и месото

Има ли ново поскапување на основните прехранбени производи во маркетите, а ние тоа не го забележуваме?

Граѓани се жалат на социјалните мрежи дека цената на производи што редовно ги пазарат од маркетите веќе не е истата од минатомесечната, а како што велат, станува збор за основни продукти како леб, млеко, јогурт…

„Белиот сечен леб што се продаваше за 35 денари сега чини 40 денари, а вработените во маркетот креваат раменици и не кажуваат на што се должи поскапувањето. Млекото, пак, сега чини 55 денари, а се продаваше за 52 денари. Поскапено е и вакумираното сирење, како и кашкавалот. Навистина не се издржува ова повеќе, не можеме да врземе крај со крај“, напиша Тијана Гошевска на Фејсбук.

Извесен Андреј Младеновски, пак, коментира дека и тој го забележал поскапувањето на основните продукти.

„Сите производи поскапеа, а поскапувањето очигледно се случува преку ноќ кога вработените најверојатно лепат нови цени на рафтовите. Порано пазаревме храна за цел месец и трошевме околу 10.000 денари, а сега не можеме истата таа храна да ја купиме за помалку од 20.000 денари“, пишува Младеновски.

Сепак, од Сојузот на синдикати брифираат дека трошоците за храна и за пијалаци се зголемени.

-Има поскапување кај лебот и кај житариците, како и кај млечните производи и јајцата. Месото е поскапено за цели 25 проценти, а само цената на маслото за готвење се намали за околу 5 проценти. Сепак, како што дознаваме, нови повисоки цени на производите сега најавува пекарската комора – брифираат наши соговорници од Сојузот на синдикати на Македонија.

На едно четиричлено семејство минатиот месец му биле потребни 48,543 денари за да ги покрие минималните трошоци од потрошувачката кошничка, а тоа е 300 денари повеќе за храна и пијалаци од мај до јуни. Потрошувачката кошничка сè уште не може да се покрие со две минимални плати.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП