1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРусија тврди дека спречила напад со украинско беспилотно летало врз Москва

Русија тврди дека спречила напад со украинско беспилотно летало врз Москва

Два беспилотни летала лансирани од Украина ја нападнаа Москва рано во понеделникот, но беа пресретнати и уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руските државни новински агенции објавија дека делови од дронот биле пронајдени на два километри од зградите на министерството. Нарекувајќи го „терористички напад“, Министерството за одбрана на својата апликација за пораки Телеграм објави дека нема жртви.

Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин не соопштија каде биле пресретнати беспилотните летала.

Руските државни новински агенции јавија, повикувајќи се на итните служби, дека делови од дронот биле пронајдени во близина на зграда на авенијата Комсомолски, која е недалеку од зградите на Министерството за одбрана.

Сообраќајот на таа авенија беше затворен, како и на авенијата Лихачев на југот на Москва, каде беше оштетена висока деловна зграда, јавуваат агенциите.

Од Киев немаше коментар. Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата во Украина контролирана од Русија, но во последните месеци изјави дека уништувањето на руската воена инфраструктура и помага на контраофанзивата на Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП