18 април, 2025
ПочетнаСВЕТРодос во пламен: Илјадници туристи бегаат, горат и хотели

Родос во пламен: Илјадници туристи бегаат, горат и хотели

Неколку илјади луѓе денеска беа принудени да ги напуштат становите и хотелите на островот Родос поради опасност од пожар.

Приватни бродови и пловни објекти на грчката морнарица се приклучија на напорите на крајбрежната стража да ги евакуира луѓето од плажите на источниот дел на островот.

Грчката противпожарна служба соопшти дека пожарите на Родос во моментов се најтешкиот предизвик со кој се соочува нејзината служба. Во рамките на борбата со пожарот беа ангажирани пет хеликоптери и 173 пожарникари, но изгореа три хотели во областа Киотари.

Пристигнаа и пожарникари од Словачка за да ги поддржат локалните тимови во нивните напори.

Грција во моментов се соочува со екстремно високи температури овој викенд, а метеоролозите предупредуваат дека температурите би можеле да достигнат и до 45 Целзиусови степени. Тоа би можело да биде најтоплиот јулски викенд во земјата во последните 50 години.
Шумските пожари продолжуваат да се шират низ Грција, особено во областа западно од Атина, во јужниот дел на Пелопонез во регионот Лаконија и на островот Родос.

Властите предупредуваат на висок ризик од нови пожари бидејќи продолжуваат екстремните горештини. На луѓето им се препорачува да останат дома, а некои туристички атракции, вклучително и Акрпол во Атина, ќе бидат затворени во најжешките делови од денот во следните два дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП