2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„JPMorgan Chase“ планира инвазија на европските пазари

„JPMorgan Chase“ планира инвазија на европските пазари

Амерканската банка „JPMorgan“ ќе ги прошири операциите на својата единица за онлајн банкарство „Chase“ во Германија и други земји од Европската унија.

Ова го изјави извршниот директор Џејми Дајмон за германското издание „Handelsblatt“.

Овој потег дополнително ќе ја засили конкуренцијата меѓу европските ривали на пренатрупаниот пазар.

Во својот прв таков чекор надвор од САД, „JPMorgan“ влезе на пазарот во Велика Британија со дигитална малопродажна понуда во 2021-ва година.

Целта на финансиската институција сега е да ја прошири оваа активност и во други земји на Стариот континент.

„Отсекогаш бевме јасни дека сакаме да го донесеме „Chase“ не само во Велика Британија, туку и во Германија и другите европски земји. Имаме многу амбициозни планови“, рече Дајмон.

Портпаролот на „JPMorgan“ ја потврди информацијата, но без да ги коментира временските рокови за реализација на проектот.

Американските банки се обидуваат да ги компензираат профитабилните, но понекогаш нестабилни приноси во инвестициското банкарство со постабилна заработка, иако се соочуваат со конкурентен потрошувачки пазар доминиран од домашни оператори каде маржите се тенки.

„JPMorgan“, чие седиште на Европската унија е во германскиот финансиски центар Франкфурт, стана една од најголемите германски советодавни банки во последниве години и ги проширува своите операции за да таргетира повеќе од средните компании кои се столбот на најголемата европска економија.

„Во Германија, „Chase“ сè уште не е толку познат, но на глобално ниво е силен лидер. Покрај тоа, ние сме сигурна банка со солиден биланс – и приватните клиенти го знаат тоа“, рече директорот на банката Џејми Дајмон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП