3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКаква е оваа европска политика на Бугарија: Деца од Битола биле носени...

Каква е оваа европска политика на Бугарија: Деца од Битола биле носени во Бугарија на средби со политичари

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека полицијата доставила известување до Јавното Обвинителство за „Мал битолски Монмартр“, односно за носењето деца на средби кај бугарски политичари, меѓу кои претседателот Румен Радев и царот Симеон Втори.

Известувањето е по допрен глас, а против раководството на „Мал битолски Монмартр“. Станува збор за културна установа која носеше деца во посета во Бугарија и на средби со бугарските политичари.

За случајот реагираше и Детската амбасада „Меѓаши“

Тимот на Првата детска амбасада за ваквата состојба со децата од „Монмартр“ јавно го повикува ОЈО да постапува наведувајќи каде е прекршено правото на детето.

„За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи. Го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ‘Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’“, порачуваат од „Меѓаши“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП