5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИталијански новинар шокиран од цените во Ровињ: „Килограм цреши 20 евра“

Италијански новинар шокиран од цените во Ровињ: „Килограм цреши 20 евра“

Високите цени на Јадранот шокираат секој ден, а Ровињ важи за еден од најскапите градови во Хрватска.

Новинар од италијанскиот магазин „Il Corriere della Sera“ отишол во Ровињ со цел да ги истражи цените за кои многу Италијанци тврдат дека се поскапи од нивниот пазар.

Во текстот „Туризмот во Хрватска по пристигнувањето на еврото, Ровињ поскап од Италија“, тој го раскажа своето искуство за време на престојот на оваа популарна дестинација.

Новинарот отишол во центарот и ги прашал мештаните како можат да живеат со толку високи цени, бидејќи килограм цреши чини 20 евра, а пица од ресторан 15 евра.

Но, поединци му одговориле дека не треба да го купуваат она што не им вреди. Тој истакнува дека сладоледот го продаваат по цена од 3,5 евра и дека италијанскиот град Фереира е рај во споредба со цените на Ровињ.

На плажа се сретнал и со семејство кое било изненадено од цената на минералната вода. Тврдат дека за четири шишиња платиле дури 14 евра. Тој наведува и дека градоначалникот на Ровињ Марко Палијага за медиумите признал дека ги преувеличиле цените не само во Ровињ, туку и во цела Хрватска. Тој тогаш изјави дека имаат повеќе ноќевања од претходно, но туристите трошат помалку на други производи и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП