4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПожарите во напуштениот комплекс Треска ќе бидат минато, се урбанизира целиот простор

Пожарите во напуштениот комплекс Треска ќе бидат минато, се урбанизира целиот простор

Нема повеќе нови пожари во напуштениот комплекс Треска. Некогашната депонија среде град со полу срушени објекти, кабаст и комунален отпад, опасни азбестни табли и многу глувци се исчисти и стана минато. Наместо грди и распаднати бараки полни ѓубре локацијата кај Треска ќе стане нов урбан и зелен центар.

Токму оваа локација пред да се исчисти често беше засолниште на многу бездомници кои крадеа, кршеа и палеа оган да се згреат во зимските месеци или да горат кабли и профитираат. Во фабриката „Треска“ избувнаа два пожари во рок од седум месеци кои ги зафатија халите полни со остатоци од мебел, крш и азбестни канцерогени табли кои поради токсичниот чад беа сериозна закана за околните згради и куќи.

Откога во напуштената фабрика избувна и вториот пожар во април 2022 година градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски согласно Законот за управување со отпад на приватен имот и во координација со надлежните институции им наложи на сопствениците во даден рок да го отстранат отпадот.

„Моја информација е дека во „Треска“ има 35 до 40 000 метри квадратни азбесен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а и денеска сеуште паѓаат азбестните плочи. Искрено јас после долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделува дека таму има и животни и глувци големи како мачки затоа тоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти“, изјави тогаш Герасимовски за медиумите.

Денеска овој страв го нема затоа што просторот е исчистен и ДУП-от од 2012 година предвидува изградба на згради со височина од најмногу приземје со 5 ката и поткровје, а во дел и приземје со 4 ката и поткровје, во класична блоковска распореденост. Голем парк на вкупна површина од 9474 м2 и вкупно зеленило близу 18.000 м2. Во комплексот се планира изградба на градинка, соодветно сообраќајно решение, плански паркинг и модерна урбана опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП