3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПо Хрватска, невремето ја опустоши и Србија: летаа кранови и во Белград

По Хрватска, невремето ја опустоши и Србија: летаа кранови и во Белград

Припадници на Одделот за вонредни ситуации на МВР на Србија спасиле 15 лица од невремето што вечерта ја зафати Србија, соопшти порталот N1 Србија.

Откако невремето ја опустоши Хрватска, стигна и до соседна Србија. Десет лица, меѓу кои пет деца, пожарникарите ги спасиле од шумата во Беочин во населбата Дунав, а една жена е спасена од автомобил во Бегеч.

Пожарникарите спасија еден маж од чамец на кој паднало дрво на Рибарски оток во Нови Сад, додека пожарникарите од Крагуевац спасија три лица.

Итните служби во последните два часа имале повеќе од 30 интервенции во подрачјето на Белград.

Два крана паднале во Нов Белград во Airport City при невремето, дознава порталот N1 Србија.

Според првите информации, како што дознава порталот N1, нема повредени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП