6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЗАПАДОТ СЕ ЗАКАНИ СО АПСЕЊЕ НА ПУТИН: Претседателот на Русија одлучи да...

ЗАПАДОТ СЕ ЗАКАНИ СО АПСЕЊЕ НА ПУТИН: Претседателот на Русија одлучи да не оди во Јужна Африка

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на БРИКС во Јужна Африка следниот месец врз основа на меѓусебен договор, соопшти денеска претседателството на Јужноафриканската Република.

Во соопштението се наведува дека Русија на самитот ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Јужна Африка беше соочена со дилема бидејќи е домаќин на самитот и е член на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој треба да го уапси Путин под обвинение за наводни воени злосторства за време на војната во Украина.

Во соопштението се наведува дека на самитот ќе присуствуваат лидерите на Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка.

МКС во соопштението во март рече дека Путин е наводно „одговорен за военото злосторство илегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација.

МКС, исто така, издаде налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесар за правата на децата во Канцеларијата на претседателот на Русија, под слични обвиненија.

Одлуката на Меѓународниот кривичен суд ја поздравија високи украински функционери.

Судот издаде налози за апсење на рускиот претседател и рускиот комесар за правата на децата во врска со присилната депортација на деца од Украина во Русија, од кои многумина беа посвоени од руски семејства.

Присилната депортација на населението е признаена како кривично дело според Римскиот статут со кој е основан Хашкиот трибунал. Русија беше потписник на Римскиот статут, но се повлече во 2016 година, велејќи дека не ја признава јурисдикцијата на судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП