2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер и понатаму троши повеќе отколку што заработува

Твитер и понатаму троши повеќе отколку што заработува

Во февруари оваа година, Илон Маск тврдеше дека го спасил Твитер од банкрот, но компанијата се уште е во длабоки финансиски проблеми. Пред три месеци во интервју даде оптимистичка прогноза дека компанијата до средината на годината повторно ќе стане профитабилна, но тоа се уште не се случи.

Во твитот објавен во саботата, Маск објави дека Твитер продолжува да има негативен готовински тек, а главните причини се падот на огласувачите за 50 отсто, како и големиот финансиски долг. Тој тогаш рече дека стабилизирањето на финансиите е најважна задача на компанијата и дека дури потоа може да се размислува за други работи.

Од октомври минатата година, кога го купи Твитер, Маск го „стега ременот“ барајќи да ги намали трошоците на секој начин. Беа отпуштени голем број работници, престана да ги плаќа трошоците на партнерите и за изнајмување простор, а еден од најголемите проблеми е заемот од 13 милијарди долари што го подигна за да го финансира купувањето на Твитер. Само годишната камата за овој заем изнесува 1,5 милијарди долари. На сето тоа може да се додадат и тужби од горенаведените партнери за неплаќање на обврските, како и тужби од поранешни вработени.

Сепак, Маск и понатаму е оптимист бидејќи смета дека досегашните показатели за јули изгледаат „ветувачки“. Оттаму, тој очекува дека компанијата ќе го дочека крајот на овој квартал со позитивен готовински тек, односно дека ќе биде профитабилна за прв пат од преземањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП