По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се прават претреси на повеќе локации низ Македонија, дознава „Макфакс“.
Меѓу лицата за кои се води истражната постапка, е и функционерот во ДУИ, Исмет Гури, кој минатата недела беше осуден на 3,5 години. Гури се гони како вработен во Управата за јавни приходи и се сомничи за злоупотреба на функцијата. Опфатен во постапката е негов член на семејството.

