2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ подготвува уште еден суперкараван

„BMW“ подготвува уште еден суперкараван

Интересот за првиот караван „М3“ на „BMW“ се покажа поголем од очекуваното, а баварскиот концерн го зголеми производството на моделот. Во исто време, „М“-дивизијата подготвува и екстремна верзија на својот суперавтомобил, која ќе добие додаток „CS“ на името, пренесува „Bimmer Today“.

Пред објавувањето, шефот на „BMW M“ – Френк ван Мил, открива дека компанијата го достигнала очекуваниот број на нарачки за моделот, но побарувачката продолжува да расте. Соодветно, ова ќе бара и зголемување на производството, што може да создаде проблеми за издавањето на хардкор верзијата „CS“. Причината е што производствениот капацитет за него мора да се ослободи токму од стандардниот „M3 Touring“, но не е јасно кога точно ќе се случи тоа.

„BMW M3 Touring“ излезе од производната лента во септември минатата година, и иако производството е ограничено, Френк ван Мил ги повика заинтересираните да не брзаат со нарачките. Работата е што зголемувањето на циркулацијата на моделот доведува до подолго време на испорака. Во исто време, поголемата побарувачка ги испровоцира Баварците да се зафатат со развојот на верзијата „CS“.

Според информациите, хардкор верзијата на „M3 Touring“ може да се појави не порано од есента 2024-та. Ќе добие зголемување до 550 ks моќност која ќе ја обезбедува сегашниот 3.0-литарски твин-турбо мотор. Сега развива 510 ks во верзијата „Competition“, во која се нуди караванот (седанот „М3“ е достапен и во верзија со 480 ks).

Зголемувањето на побарувачката за „напумпани“ каравани ќе доведе до тоа „BMW“ да издаде ваква верзија на следниот „M5“, кој ќе излезе следната година и ќе добие хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП