22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија се повлече од договорот за жито

Русија се повлече од договорот за жито

Договорот за извоз на украинско жито престана да важи, а Русија нема да го обнови, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Денес Црноморските договори престанаа да важат. За жал, делот од договорот поврзан со Русија се уште не е спроведен. Затоа Русија се повлекува од договорот“, објасни Песков.

Тој посочи дека Москва веднаш „ќе се врати на спроведувањето на договорот“ штом ќе бидат исполнети условите на Русија.

Како што изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, Русија официјално ги известила Турција, Украина и ОН за нејзиниот приговор за продолжување на договорот за жито.

Минатата сабота Владимир Путин во разговор со јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоза изјави дека не се исполнети обврските за отстранување на пречките за извоз на руска храна и ѓубрива. Тој посочи дека главната цел на договорот за жито остана неостварена – снабдување со жито на сиромашните земји.

Црноморската иницијатива, која беше потпишана на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН, вклучуваше извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП