27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапиот автомобил на сите времиња е...

Најскапиот автомобил на сите времиња е…

najskap

Тркачкиот „Ferrari 250 GTO“ од 1963-та година е продаден на една аукција за 52 милиони долари (околу 38.2 милиони евра), што е најголемата сума на пари која некогаш е дадена за некоја автомобил.

Примерокот кој е продаден за високата рекордна цена има број на шасија 5111. Покрај останатото, наведено е дека во 1963-та година победил на трката „Tour de France“ (нема врска со познатото велосипедско натпреварување).

Новиот сопственик сакал да остане анонимен, а овој „Ferrari“ претходно припаѓал на колекционерот Пол Папалардо.

Најскапиот продаден автомобил досега исто така беше „Ferrari 250 GTO“, но од 1962-та година. Примерокот своевремено го возел познатиот Стирлинг Мос, а беше продаден во 2012-та за 35 милиони долари.

Интересно е дека овој автомобил на „Ferrari“ истата година учествуваше во сообраќајната незгода при одбележувањето на педесетгодишнината од појавувањето на моделот „250 GTO“. Таа незгода во медиумите беше окарактеризирана како „најскапата незгода на сите времиња“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП