1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Aston Martin Valor“ ќе се збогува со „V12“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Aston Martin Valor“ ќе се збогува со „V12“ (ФОТО/ВИДЕО)

Британскиот производител прославува 110 години постоење со автомобил кој е остварување на сонот на секој возач. Неговото име е „Valour“ и е ограничен на само 110 примероци.

Го нарекуваат „последниот од својата ера“, а се е јасно ако кажеме дека се карактеризира со ретро дизајн, од ерата на моделот „Vantage“.

Естетски, се враќаме половина век назад, а тоа значи многу атрактивни детали кои играат со емоциите, исто како понудените 21 нијанса на екстериерот.

Кабината носи комбинација на модерно и класично, па не недостигаат скапоцено дрво, но и карбонски влакна.

Последниот од ваков вид значи дека има „V12“ под хаубата. Станува збор за 5,2-литарски твин-турбо кој произведува 715 ks и 753 Nm, а доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен менувач.

„Aston Martin“ може да се пофали и со ново развиена спортска суспензија со дополнителни елементи кои гарантираат совршена динамика на возење. Да споменеме и дополнителни елементи кои ја подобруваат вртежната ригидност.

Предните сопирачки имаат шест клипови и композитни дискови со дијаметар од 410 mm, додека задните со четири клипни клешти и дискови со дијаметар од 360 mm.

Вкупната заштеда на тежина на системот за сопирање во споредба со челикот е 23 kg.

Перформансите и цената засега се непознати. Апсолутно ирелевантно, бидејќи овој „Aston Martin“ е многу повеќе од бројки на хартија.

А што се однесува до цената, таа е неважна бидејќи сите 110 примероци веројатно биле однапред распродадени уште пред јавната изложба. Првите испораки се очекуваат до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП