5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАТоплотниот бран „Кербер“ стигна до Европа: Се очекуваат температури над 40 °C

Топлотниот бран „Кербер“ стигна до Европа: Се очекуваат температури над 40 °C

Топлотен бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, со можни рекордни температури во наредните денови, пишува Би-Би-Си. Се очекува температурите да надминат 40 Целзиусови степени во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција.

Во Италија температурите би можеле да достигнат до 48,8 степени. Црвен аларм е објавен за 10 градови, меѓу кои Фиренца и Рим.

Во вторникот, маж на околу четириесет години почина по колапс во северна Италија. Италијанските медиуми објавија дека 44-годишниот работник сликал зебри во градот Лоди, во близина на Милано, пред да почине од жештината. Тој бил пренесен во болница каде подоцна починал.

„Се соочуваме со неподнослив топлотен бран“, напиша италијанскиот политичар Никола Фратојани на Твитер. „Во најжешките часови треба да се преземат сите корисни мерки на претпазливост за да се избегнат трагедии како онаа што се случи денеска во Лоди.

Неколку туристи во земјата веќе се онесвестија поради топлотен удар, меѓу кои и еден Британец пред Колосеумот во Рим.

Топлотниот бран „Кербер“ се очекува да донесе екстремни услови во текот на следните неколку дена.

Метеоролошката канцеларија вели дека температурите ќе го достигнат врвот во петок, а „BBC Weather“ вели дека големи делови од јужна Европа би можеле да забележат температури над 40 степени, а можеби и повеќе.

Топлините најверојатно ќе продолжат и во текот на викендот. Во Прага, главниот град на Чешка, температурите во сабота би можеле да достигнат и до 36 степени според „BBC Weather“, што е значително повисока температура од просекот од 24 степени во јули.

Највисоката температура во Европа од 48,8 степени Целзиусови е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година.

Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа минатата година како последица на жештините. Се стравува дека овој топлотен бран може да однесе уште многу животи ова лето.

Експертите велат дека периодите на екстремно топло време се се почести, а климатските промени се почесто носат рекордни температури.

Европскиот центар за среднорочни временски прогнози објави дека овогодинешниот јуни во светот бил најтопол досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП