13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто треба да знаат спанковците и забушантите пред да заминат на печалба...

Што треба да знаат спанковците и забушантите пред да заминат на печалба во Германија?

Ако сте барем малку мрзеливи, спанковци или забушанти во работата, тогаш подобро за вас е воопшто да не се ни обидувате да заминете на печалба во Германија, оти големи се шансите за само неколку недели да се вратите посрамотени и без пари во џебот.

Како што брифираат вработени во агенциите за посредување за работа во Германија, непознавањето на германскиот јазик не е единствената препрека за македонските работници, а најголемиот проблем за нашинците претставуваат работните навики кои ви ги наметнува работодавачот.

Според нашите соговорници, голем број нашинци кои работат во секторите градежништво, индустрија или производство добиваат плата и до 4.000 евра месечно, но затоа, пак, кажано со прости зборови: душата им знае како ја заработуваат таа плата.

-Многу се работи и нема ескивирање во работата. Германските работодавачи се фер и точни, ама затоа бараат од работниците да се посветат максимално на работата. Ако имате навика да се успивате наутро, подобро воопшто не одете во Германија, оти веднаш ќе ве отпуштат. Продуктивноста во Германија е на прво место и во тој поглед не постои милост кон работниците кои забушаваат. Сите работници работат ефективно 8 часа во денот, а по секој истек на работното време доаѓаат шефовите за да проверат дали е завршена работата. Ако не работите доволно брзо или доволно добро, тогаш ризикувате да ве отпуштат и да ве вратат во Македонија – вели нашиот соговорник.

Инаку, македонските гастарбајтери во Германија заработуваат од 1,500 до 4,000 евра месечно, а најчесто се бараат работници во угостителството, производството, индустријата, градежништвото, земјоделството, услугите за чистење, обезбедувањето…

Бундестагот неодамна го усвои Законот за работни визи со кој значително се олеснува влезот на работна сила во Германија.

Во моментов, како што објавија германските медиуми, се бараат 400.000 работници од Балканот, вклучително и од Македонија, а на овој начин се очекува Германија да се справи со недостигот од квалификувана работна сила.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП