2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ 14 би можел да изгледа вака

„Xiaomi“ 14 би можел да изгледа вака

Минатата недела се појавија првите спецификации на телефони од серијата „Xiaomi 14“, а сега се појави и рана скица на основниот модел „Xiaomi 14“.

Илустрацијата беше споделена од дојавувачот „Digital Chat Station“, а таа укажува на можниот изглед на дојдовниот телефон. Се разбира, бидејќи ова е рана скица, можно е да се разликува од конечниот дизајн.

„Xiaomi 14“ треба да има рамен екран, со тенки рамки и центрирана дупка за селфи камерата, која е слична на претходникот на телефонот.

На задната страна се очекува сличен квадратен систем на камера, како во серијата „Xiaomi 13“, со поголеми исечоци за главната и телефото камерата. Двата преостанати исечоци се за ултра широкиот сензор и LED блицот.

Според најновите информации, „Xiaomi 14“ ќе користи чипсет Snapdragon 8 Gen 3, ќе се напојува од батерија од 4860 mAh со поддршка за полнење од 90 W и безжично полнење од 50 W.

Кога станува збор за моделот „Xiaomi 14 Pro“, се очекува истиот чипсет, заедно со батерија од 5000 mAh со поддршка за 120W полнење преку кабел и 50W безжично полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП