5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМакедонците поделени: 48 процентна доверба во ЕУ, најниска е во Србија а...

Македонците поделени: 48 процентна доверба во ЕУ, најниска е во Србија а највисока во Албанија

Нивото на доверба во ЕУ значително порасна од минатата година во повеќето земји кандидати за членство. Највисоко ниво на доверба во ЕУ има во Албанија, а најниско во Србија, покажува новото истражување на Евробарометар.

Податоците покажуваат дека 77 отсто од испитаниците во Албанија и веруваат на ЕУ или шест процентни поени повеќе отколку во истражувањето од почетокот на годината.

Следна е Босна и Херцеговина, каде 57 отсто од анкетираните граѓани имаат доверба во ЕУ, Црна Гора со 54 отсто, Северна Македонија со 48 отсто, Молдавија со 44 и Турција со 41 отсто.

Кога станува збор за војната во Украина, 68 отсто од српските граѓани сметаат дека тоа ќе има сериозни економски последици за земјата, додека 83 отсто од испитаниците го мислат истото на ниво на ЕУ.

Исто така, 67 отсто од испитаниците во Србија не се согласуваат со воведувањето санкции против руската влада, компании и поединци, а 74 отсто не се согласуваат со купување и испорака на воена опрема за Украина.

Анкетата за пролетниот Евробарометар беше спроведена во јуни, на репрезентативен примерок од членки и кандидати на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП