3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈА„Политичарите се поштетни од ѓубрето“, скопјани едногласни дека градот никогаш не бил...

„Политичарите се поштетни од ѓубрето“, скопјани едногласни дека градот никогаш не бил повалкан

Скопјани се жалат дека од натрупаното ѓубре не може да отворат прозорци ниту на шести кат.

„Макфакс“ направи анкета меѓу граѓаните откога ЈП „Комунална хигиена“ се врати на работа. Задоволни од хигиената нема, едногласни се дека градот никогаш не бил повалкан, но сметаат дека има и поштетни работи од несобраното ѓубре.

„Поштетни ми се политичарите од ѓубрето“, одговори една од соговорничките на прашањето дали е загрижена за здравјето по бунтот во „Комунална“.

Некои од граѓаните сметаат дека вината за нередот во главниот град е кај политичките партии, кои, според нив, прават опструкции, на чие решавање треба да се работи.

По три дена депонии на улиците, денес веќе во Скопје има испразнети контејнери.

Ѓубрето изминатиот викенд остана несобрано оти комуналците се кренаа на бунт откако директорката Косана Мазнева не им ги продолжи договорите на 33 вработени, а Синдикатот се пожали дека нивни претставници не биле примени на разговор. Комуналците бараат и поголеми плати, исплата на К15 и бенефициран стаж.

Вчера, Синдикатот најави дека вработените се враќаат на работа, но револтот ќе го изразат преку други законски форми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП