ПочетнаМАКЕДОНИЈАНамален бројот на издадени одобренија за градење во мај

Намален бројот на издадени одобренија за градење во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2023 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 1.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 311 942 илјади денари, што е за 23.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (43.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (37.5 %) за објекти од нискоградба и 61 (19.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 317 објекти, на 142 (44.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 175 (55.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови, со вкупна корисна површина од 54 646 м2.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП