Директорот на одделението за равој на таблети во „Dell“, Нил Ханд, тврди дека оваа компанија веќе нема да произведува „Windows RT“ производи.
Ханд изјави дека „Dell“ нема да ја претстави новата генерација на минатогодишниот „Windows RT“ уред.
„Немаме во план да ја освежиме нашата моментална линија на производот „RT“. Моментално сме фокусирани на „full Windows“ производите. Комплетното „Windows“ опкружување ни нуди одлични можности“, рече тој.
„Windows RT“ е верзија на оперативниот систем на „Microsoft“ кој работи на чипови кои во принцип се користат кај паметните телефони.
Софтверот неуспеа да генерира големо интересирање кај корисниците, затоа што традиционалните „Windows“ производи не работат на овој оперативен систем.
Многу компании го отфрлија „Windows RT“ во корист на целосниот „Windows 8“, иако „Microsoft“ минатиот месец ја претстави новата верзија на својот „Surface“ таблет кој работи на „Windows RT“.