28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАДенеска штрајк на дел од вработените во ЈСП

Денеска штрајк на дел од вработените во ЈСП

Редуциран е број на автобуси на ЈСП низ  Скопје поради штрајк на еден од синдикатите во јавното претпријатие.

Вчера членови на синдикалната организација Спајс најавија дека ќе протеастираат утрово од 4.30 до 12.30 часот. Барањата на синдикатот  поради кои се одлучиле за штрајк е усогласување на минималната плата со колективниот договор, неисплата на прекувремени часови ниту хранарина на работниците во ноќната смена.

За штрајкот Спајс нема подршка од другите синдикати во ЈСП, од каде велат дека ќе има автобуси на улиците во главниот град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП