1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGOOGLE ПОДГОТВУВА СВОЈ ДОКТОР: Робот-дијагностичар наскоро ќе биде во служба на целиот...

GOOGLE ПОДГОТВУВА СВОЈ ДОКТОР: Робот-дијагностичар наскоро ќе биде во служба на целиот свет

Со години луѓето го користеа „Google“ како доктор на кој можеа да му ги постават и најнепријатните прашања што не би можеле да ги кажат пред лекарските ординации.

Исто така, со години лекарите ги превртуваа очите секогаш кога некој пациент им кажуваше дека прочитале на интернет. Денес, тоа може да се промени.

Откако „Google“ ја претстави својата верзија на вештачката интелигенција (AI) – Бард, полека работи на алатка заснована на вештачка интелигенција која би била специјализирана за медицина. И така се роди Med-PaLM 2, алатка која одговара на медицински прашања.

Како што пишува „Волстрит журнал“, оваа алатка е тестирана од април во познатата клиника „Мајо“ и покажува многу добри резултати. Според интерната е-пошта, Google верува дека неговата алатка за вештачка интелигенција може да биде корисна во земјите каде што лекарите се тешко достапни.

Имено, како што докторите читаат стручна литература во текот на својот работен век за да го прошират своето знаење, така и Med-PaLM 2 „учи“ преку низа одбрани демонстрации изведени од медицински експерти и лекари. Токму затоа Google мисли дека нивната алатка за вештачка интелигенција ќе биде поуспешна во медицината од другите алатки како Bard, Bing или ChatGPT.

Иако Med-PaLM 2 сè уште има потешкотии со прецизноста во одговарањето, во сите други области како што се сфаќањето, разбирањето и давањето одговори на основа на консензус, беше рамо до рамо со лекарите.

Иако покажува потенцијал и во иднина би можел да игра значајна улога во секојдневната работа на лекарите, Med-PaLM 2 сè уште не е подготвен за поширока примена. Сè уште треба да се работи на неговите способности, но и да се прифати идејата дека наместо лекар (или со лекарски благослов) дијагнози и упатства за лекување се даваат со машина.

Google е убеден дека медицинските алатки за вештачка интелигенција ќе бидат позитивна промена во медицината и ќе ги олеснат одлуките за дијагноза и третман. Прашањето е само – кој ќе ја преземе одговорноста ако згрешат?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП