2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕрдоган се согласи за членство на Шведска во НАТО

Ердоган се согласи за членство на Шведска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО, кој го блокираше повеќе од една година, објави во понеделникот генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, поздравувајќи го „историскиот ден“.

„Среќен сум што можам да објавам дека претседателот Ердоган се согласи да го стави протоколот за пристап на Шведска“ пред турскиот парламент „што е можно поскоро и да работи со парламентот за да гарантира ратификација“, рече Столтенберг по средбата со турскиот претседател и шведскиот премиер Улф Кристерсон во пресрет на самитот на НАТО во Вилнус.

Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Финска доби зелено светло во април годинава и првпат учествува на овој самит како полноправна членка, но на Шведска и попречија Турција и Унгарија. Будимпешта соопшти дека ќе го одобри шведското членство штом Турција го направи тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП