18 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГерасимовски: Да ја тргнеме политиката на страна, граѓаните пред се

Герасимовски: Да ја тргнеме политиката на страна, граѓаните пред се

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски за проблемот со сметот во главниот град повикува ситуацијата да не се политизира туку да се најде решение во полза на граѓаните.

„Да ја тргнеме политиката на страна затоа што таа нема да ги исчисти Скопје, нас фокус ни се граѓаните. Кога настана проблемот со сметот граѓаните прво прстот го вперија во градоначалниците затоа што кога излегуваат од дома сакаат чиста средина. Но овој проблем е заеднички и не треба да се политизира. Станува збор за граѓаните и нивното здравје и треба што поскоро да се најде решение, а тоа е што подобро да се изменаџира ситуацијата во градот и комуналното претпријатие. Нашиот предлог е додека тие преговори траат депонијата Дрисла да ги крене рампите за да ние можеме да функционираме како општини“, изјави градоначалникот Герасимовски по седницата на советот за развој на Скопскиот плански регион.

Герасимовски исто така изјави дека од директорот на Скопската депонија добил ветување дека камионите кои чекаат да се истоварат пред вратите ќе ги пушти за влезат.

„Во моментов чистењето е стопирано затоа што полни камиони чекаат пред Дрисла да бидат пуштени и да се растоварат. Утрово разговарав телефонски и со директорот на Дрисла и добив ветување дека ќе се направи договор кој во текот на денот ќе го имаме. Нашите луѓе отидоа уште утрово да за го потпишат за да може нашите камиони да влезат во депонијата, но уште чекаат“, изјави Герасимовски.

Општина Центар од рано утрото започна со собирање смет низ целата општина но полните камиони чекаат пред вратите на скопската депонија. Со ист проблем се соочиле и другите градоначалници кои се ангажирани и самостојно го собираат сметот од своите општини. Но според Герасимовски ЈП Дрисла – Скопје е регионална депонија за скопскиот плански регион и со одлука има обврска да го собира сметот од локалните самоуправи кои го носат на нејзина адреса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП