1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААрсовска: Скопје се чисти, екипите на ‘Комунална хигиена’ – Скопје се на...

Арсовска: Скопје се чисти, екипите на ‘Комунална хигиена’ – Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку социјалните мрежи порача дека успеала да извојува уште една победа во интерес на жителите на градот.

„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани“, напиша градоначалничката Данела Арсовска покрај фотографиите од осум исчистени контејнери.

„Скопје се чисти, екипите на ‘Комунална хигиена’ – Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани“, рече градоначалничката.

Арсовска додаде дека ништо нема да ја спречи да го исполни ветеното пред граѓаните.

„Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор“.

Претходно, Советот на Скопскиот Плански Регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комуналната хигиена, како и препорака со која се бара Град Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

Тие ја повикаа градоначалничката Данела Арсовска веднаш да најде решение за проблемот и да не го остава градот блокиран. Побараа „Дрисла“ да ги отвори рампите за да може нивната механизација да продолжи да работи.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП