2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple iPhone 15 Pro Max“ ќе има ексклузивни функции, но и нова...

„Apple iPhone 15 Pro Max“ ќе има ексклузивни функции, но и нова цена

Во текот на есента „Apple“ ќе ја претстави новата линија на телефони, во која ќе биде вклучен моделот „iPhone 15 Pro Max“.

Аналитичарот Џеф Пу сугерира дека „Apple“ се очекува да започне со масовно производство на серијата „iPhone 15“ во текот на август.

Според аналитичарите, компанијата е на пат да произведе 84 милиони единици од телефонот до крајот на 2023-та година, што е за 12% повеќе од уредите „iPhone 14“ во истиот период од минатата година.

Пу, исто така, предвидува дека „iPhone 15 Pro Max“ ќе има повисока почетна цена од „14 Pro Max“, што е 1.099 долари во САД и 1.449 евра во Европа.

Како што истакнува аналитичарот, „iPhone 15 Pro Max“ ќе има и некои ексклузивни функции, кои нема да бидат достапни за обичниот модел „iPhone 15 Pro“. Моделот „Max“ треба да добие перископска леќа за телефото камерата, што ќе го подобри оптичкиот зум.

Гласините сугерираат и дека батериите за целата линија на „iPhone 15“ ќе имаат зголемен капацитет, но тоа ќе значи и дека уредите ќе бидат подебели.

„Apple“ сè уште не го објави официјалниот датум на претставување на серијата телефони iPhone „15“, но се претпоставува дека тоа ќе се случи во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП